Џејкоб Вајли: Сакаме да запишеме две победи!

166

Во четврток нашата најдобра кошаркарска репрезентација ќе ги одмери силите со Грузија и тоа на гости. Потоа следува мечот во Скопје. Ова се два квалификациски натпревари за СП во 2023 од февруарскиот прозорец на ФИБА.

Џејкоб Вајли, од кого многу се очекува, за тоа што следува в четврток во Грузија, а потоа и во Скопје истакна.

Секако дека сакаме да победиме. Верувам во тимот, иако имаме проблеми со повредени играчи. Имаме силен и отпорен тим. Нема да биде лесно, и тие ја сакаат победа како нас. Мора да се подготвиме најдобро. Имаме хемија во тимот од претходните прозорци. Сакаме да запишеме две победи, но нашиот фокус е прво да одиграме најдобро и на двете средби против Грузија“ вели Вајли.

ПретходноВалмир Какруки: Јас сум оптимист, овој млад состав може да ја победи Грузија!
СледноТалаков е нов играч на Жилина