Вардар 1961 по првото полувреме против ППД Загреб во рамките на 12 коло во Лигата на шампиони има позитива од два гола 11-9 . Во СЦ „Јане Сандански“ барем за сега не видовме квалитетен натпревар, важноста на мечот си го прави своето. Победникот ќе направи голем исчекор кон следната рунда.
Оливие Њокас и Валчак со три гола се први стрелци, Георгиевски има два, исто колку и Моралес.
Три неискористени напади на Вардар, после четири минути дојде до изедначување 1-1. На другата страна ниту гостите не беа распложени, исто правеа грешки, притисокот можеше да се почувствува кај двата тима.
Првите четири гола за Вардар ги постигнаа Оливе Њокас и Моралес, со голот на Тото, македонскиот првак за првпат поведе (5-4) во 13 минута. Една грешка и промашен седмерец на Дибиров, ППД Загреб ги искористи за водство од 5-6 на средината на првото полувреме.
WATCH: Yoel Cuni Morales does not hold back and fires home from long-range for @HCVardar #ehfcl
📺 https://t.co/IXYHSdERe0 pic.twitter.com/ALCWcVKNEz
— EHF Champions League (@ehfcl) February 23, 2022
Вардар носен од одличната атмосфера, предводен од Оливие, Георгиевски (два гола) и Валчак поведе со 9-6 во 26 минута, а потоа и со 10-7. Гостите беа во серија на грешки, па македонскиот тим знаеше како да казни. Избраниците на Ивица Обрван вратија со 2-0 за 10-9, Валчак со третиот погодок на одморот ги постави 11-9.