Енрике Сересо: Нема смена на Диего Симеоне

148

Претседателот на Атлетико, Енрике Сересо ги коментираше гласините дека клубот е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Диего Симеоне. Ова доаѓа секако по серијата лоши резултати на клубот, кој сезонава се мачи на резултатски но и на играчки план.

„Симеоне е важен дел од нашиот клуб. Ниту во еден момент не помисливме да се разделиме со него. Би било грдо и чудно да почнам да барам замена токму сега“, изјави Церес за „Марка“.

Атлетико е петти во поредокот во шпанското првенство, тимот отпадна од националниот куп и се соочува со Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

ПретходноСпалети: Овој тим на Барселона е на нивото од периодот со Меси
СледноРепрезентацијата на Мали сериозно се засилува