Каква глупава грешка: Косоварите мислеле дека Бајиќ е повеќекратен убиец!

1031

Според медиумите во БиХ, односно според Српскаинфо, конечно е познато зошо македонскиот селектор Драган Бајиќ не дови виза од властите во Косово за влез. Имено познато е дека нашата кошаркарска селекција за Тблиси отпатува вчера од Приштина, но Бајиќ не доби виза. Сега и ако добиеше тој немаше да патува со оглед на тоа дека е позитивен на Ковид-19, но на никого вчера не му беше јасно зошто тој не може да влезе во Косово.

Па така за сето ова биле виновни властите на Косово кои направиле голема грешка, невиден кикс. Имено тие селекторот Драган Бајиќ го замениле со некој си друг Драган Бајиќ кој бил баран од Интерпол како повеќекратен убиец. “Тој фамозен“ Бајиќ во 2011 година во Будимпешта убил пет лица при еден грабеж.

Навистина несфатливо вакви глупави грешки да се случуваат во 21 век. Тоа го има само на Балканот.

ПретходноПМФЛ – 21.КОЛО: Илчо в сабота се враќа во “своето“ Ѓорче, дербито се игра во недела под Шара!
СледноГрузија без Шенгелија ќе ја напаѓа Македонија!