Репрезентацијата на Мали во следниот период сериозно може да си ги зголеми шансите за некој голем тројфеј затоа што дефинитивно добива неколку нови имиња во составот, за кои досега можеше само да сонува.
Играчот за врска на Евертон, Абдулае Дукуре одлучи во иднина да игра за Мали, државата од која што потекнува, затоа што се помири дека повикот од Франција никогаш нема да пристигне. Тој настапуваше за младинските категории на Триколорите но сениорски настап очигледно нема да дочека.
Покрај него, за Мали најверојатно ќе се одлучат и напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, како и дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате. Со овие тројца Мали сериозно ќе добие на квалитет и ќе може на следниот Мундијал, доколку се квалификува секако да смета минимум на елиминациона фаза.