Светот е во исчекување. Ќе има ли војна меѓу Укрина и Русија? Тоа е прашањето кое светот го мачи веќе неколку недели, па и месеци.
Андриј Шевченко, иконата на спортот, на фудбалот во Украина, некогаш мега – ѕвездата на фудбалот, довчерашниот тренер на Горан Пандев во Џенова, имаше специјална порака до народот во својата земја, до своите Украинци.
“Украина е моја земја. Секогаш бев горд на неа. Заедно минавме тешки времиња. Низ овие 30 години се формиравме како нација. Украина е земја на искрени, работливи луѓе кои ја сакаат својата слобода. Ова се најважните денови за нас. Мораме да се обединиме. Заедно сме посилни, заедно ќе победиме. Слава на Украина“ пиша славниот Шевченко на социјачните мрежи утринава.