Агуеро: Не знам дали е од Ковид или од вакцината, но нешто се случи со мене

1311

Поранешниот фудбалер на Барселона Серхио Агуеро се уште не ги знае причините поради кои довеле до аритмија на срцето. Овој проблем го натера да се пензионира од фудбалот. Откако е потврдено дека тој ќе биде дел од стручниот штаб на аргентинската репреззентација на СП во Катар, Кун Агуеро даде интервју за аргентински „TyC Sports“.

Срцето ми биеше забрзано. Сакам да ја знам причината. Ќе продолжам да истражувам. Физички бев добар. Не знам дали се должи на коронавирусот или на вакцината, но нешто се случи со мене. Со секој поминат месец почнувам да чувствувам чудни симптоми кои никогаш претходно не сум ги имал“, изјави Агуеро кој додаде дека се плаши повторно да игра, а лекарите му рекле дека навистина имал среќа што немал инфаркт.

ПретходноПаулињо го искрши својот нов Мекларен (ФОТО
СледноМартинели: Четири пати бев на проба во Манчестер Јунајтед и секој пат ме одбиваа