Ако УЕФА не му го земе на Санкт Петербург финалето во ЛШ кое е закажано за 28 мај, тогаш англиските клубови кои би се нашле во него да го бојкотираат и да не играат. Ова е препорака на Лиз Трас, министерката за надворешна работи на В. Британија која денеска тоа јавно и го побара од Ливерпул, Челзи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
“Да бев дел од англиски тим јас ќе го бојкотирав финалето во Санкт Петербург. Со оглед на режимот на Владимир Путин не би учествувала на еден таков натпревар во неговата земја“ изјави Трас за медиумите на Островот.
Инаку може лесно да се случи и самиот Челзи како клуб да биде под санкции од страна на официјален Лондон, поточно неговиот газда Роман Абрамович кој е Русин.
„Никој не е исклучен од санкциите, ја следиме ситуацијата“ ова беше нејзиниот одговор на прашањето дали се спремаат санкции и кон газда Роман.
'Will Ambraovich be on the next sanctions list?'
Nick Ferrari puts Foreign Secretary Liz Truss on the spot.@NickFerrariLBC pic.twitter.com/xY4wJffO6X
— LBC (@LBC) February 23, 2022