Холандскиот првак Ајакс одигра 2:2 на гостувањето кај Бенфика во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Душан Тадиќ со убав гол донесе предност за Ајакс во 18. минута, а изедначи Бенфика во 26. минута благодарение на автоголот на Себастијан Але.
Само три минути подоцна Але се „извади“ за киксот со тоа што донесе нова предност за Холанѓаните. Во 72. минута Роман Јаремчук обезбеди 2:2.
Со тоа шансите за пласман на некоја екипа во следната фаза се 50-50%.
Инаку ова е првиот дуел меѓу овие две екипи во ЛШ после 2018 година. Тогаш во рамките на групата, во Лисабон беше 1:1, а во Амстердам „копјаниците“ победија со 1:0.