Иако новото раководство на ФК Вардар ветуваше дека кога тимот ќе биде домаќин ќе игра на Арената “Тодор Проески“, но ништо од тоа. Вардар есента играше помалку во Маџари а повеќе на ФФМ, но сега, поточно во пролетната полусезона во ВМФЛ – ЗАПАД, Вардар ќе биде домаќин на стадионот во Маџари или “Борис Трајковски“. Барем такви се најавите.
Ова доаѓа поради фактот дека на ФФМ се изведуваат зафати во пресрет на се она што следува оваа пролет, сите оние натпревари на нашите млади селекции, па затоа не може да се користат овие терени на Фудбалската федерација.
Ова значи дека веќе во сабота, мечот меѓу Вардар и Тетекс од 17.коло е закажан за на Маџари со почеток од 14 часот.