Како помошник на сегашниот прв тренер, Никола Глигоров, во ФК Вардар кам бек прави поранешниот капитен и еден од играчите кои беше носител на шампионската генерација Бобан Грнчаров.
Како што Спортмедиа најави пред неколку дена, Грнчаров денеска и официјално се враќа во неговиот матичен клуб, и ќе биде дел од струката која во следниот период ќе треба да ја обави една од најтешките задачи. А тоа е да го врати Вардар во првата лига.
Вардар во првото пролетно коло од ВМФЛ Запад, одигра 0:0 против тимот на Охрид, додека пак следниот викенд го пречекува Тетекс на стадионот Борис Трајковски.