Дејвис: Играчите беа нервозни, но најважно победивме!

241

Вардар 1961 е пред портите на осминафиналето во Лигата на шампиони. Македонскиот првак предводен од Давид Дејвис влезе во посакуваниот победнички ритам, на домашен терен го совлада ППД Загреб со 20-19 и се искачи на петото место на табелата.

„Среќен сум бидејќи победа е победа. Натпреварот беше тежок, сите играчи беа нервозни. Не беше убав натпревар за гледање. Знаевме дека сега или никогаш. Ова е втора победа во ЛШ за мене, ќе продолжиме со работа. Многу беше тешко бидејќи играме секој втор ден, немавме многу време да се подготвиме за оваа средба. Сега мислам дека помирен распоред, ќе можеме да тренираме подобро, ќе влезе во системот Додиќ, ќе можеме да направиме промени во составот, зошто играме со едни исти играчи цело време“. 

ПретходноЛиверпул го „уништи“ Лидс, Тотенхем изгуби од Барнли (видео)
СледноРистовски: Бодот можеби е најреален! Убаво е кога тимот победува и кога не игра добро!