Единствениот гол на Граџан е меѓу петте најдобри во Европската лига (ВИДЕО)

290

Е.Пелистер на домашен терен го совлада Кадетен со 27-26 во директната пресметка за второто место на табелата во групата Д, во рамките на Европската лига. Македонскиот вицепрвак ќе има нова шанса да направи историски успех и овој дел да го заврши како лидер по поразот од Ним во Атина.

Битолчани ја заслужија победата, одиграа добар меч, со мали падови, во самиот финиш Јосип Периќ, ги осигура бодовите.

ЕХФТ по комплетирање на осмото коло го одбра најдброто, а таму место има и за пикерот на Е.Пелистер, Елмир Граџан. Тој го има петтиот најдобар погодок. Интересно е што средбата ја заврши само со еден гол.

Топ 5 листата можете да ја видите на следниот ЛИНК. 

ПретходноПад на кошаркарките на најновата ФИБА ранкинг листа: Косово е пред Македонија!
СледноПо скандалозното однесување: Зверев исфрлен од турнирот во Акапулко! (ВИДЕО)