Иван Чупиќ е име кое со златни букви е запишано во историјата на Вардар 1961. Хрватскиот ракометар со македонскиот тим мина убави години, исполнети со многу титули, две во Лигата на шампиони.
Пред почетокот на дуелот, фановите го поздравија со овации, а потоа навивачите на „црвено-црните“ од Драчево му подарија врамена фотографија за сè што придонесе за Вардар 1961.
Еднаш вардарец – засекогаш вардарец!