Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ ги изрече казните за хаост кој настана за време на дуелите меѓу Работнички и МЗТ Скопје за кошаркари до 14 години. Овој натпревар беше прекинат откако родителите на двата тима влегоа физички да се пресметаат. Причината за ова е срамниот однос на еден родител од страната на МЗТ Скопје, кој влета на терен и се обиде физички да нападне кошаркар на домашниот тим. На голема среќа тренерот на МЗТ Скопје, Митевски и техничкиот раководител на Работнички, Радевски навремено го спречија тоа. На мета на навивачи на МЗТ Скопје бил и домашниот тренер Пепиќ.
Според изјавата на претставникот на домашниот тим, еден од родителите кој влетал на теренот и сакал да се пресмета побегнал од салата кога дошла полицијата, додека другиот останал.
Казни добија и двата тима. Работнички ќе плати парична казна по неколку основи: Немањето на редарска служба ќе го чини 2.000 денари, слаба организација (4.000 денари), за неспортско навивање (4.000 денари) и влетување на терен на нефоцијални лица (8.000 денари). Тимот од „Градски парк“ следните два меча ќе ги игра без пристуство на публика на домашен терен.
Гостинската екипа, МЗТ Скопје е казнета со 20.000 денари и забрана за присуство на публика на следните два меча, исто на домашен терен.
Во продолжение стои образложението и казните од страна на Комесарот за натпреварување при КФСМ.