Ливерпул го „уништи“ Лидс, Тотенхем изгуби од Барнли (видео)

160

Во англиската Премиер лига се одиграа три натпревари (заостанати). Ливерпул забележа убедлива победа над Лидс на домашен терен со 6:0. По првото полувреме „црвените“ водеа со 3:0 со два гола на Мохамед Салах и Џоел Матип, а во финишот на натпреварот два гола во мрежата на гостите постигна и Садио Мане, а заокружи Ван Дајк во 91 минута.

Ливерпул ја запиша 18-тата победа и сега има три бода помалку од лидерот Манчестер Сити, додека Лидс со 12 порази го држи 15-тото место.

А на „Турф Мур“ Барнли го совлада Тотенхем со 1:0. Погодокот за три бода за Барнли го постигна Бен Ме во 71. минута од мечот. Тотенхем се оддалечи од местата кои водат во Европа, а сега е на осмата позиција.

За Барнли ова се драгоцени бодови во борбата за опстанок.

А Кристал Палас со 4:1 го совлада Ватфорд во гости. Матета, Галагер постигнаа по еден гол, а Заха два во оваа убедлива победа на Палас.

ПретходноОбрван: Заслуживме бод, кој ќе значеше пласман во осминафинале, Вардар секако ќе се пласираше!
СледноДејвис: Играчите беа нервозни, но најважно победивме!