Милан ќе има 100 милиони за засилувања, еве кои се планираните играчи

449

Милан е лидер во Серија А, но тоа не му гарантира лесен пат до титулата. „Росонерите“ по долги години во сенка конечно почна да наликува на оној стариот кога се бореше за врвот. Според „Газета дело Спорт“ Милан ќе има 100 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок со цел уште повеќе да бидат конкурентни во Италија но и во европските купови.

Минатото лето „росонерите“ потрошиле 75 милиони евра за трансфери, а сега ќе добијат многу повеќе пари за нови играчи, тоа им го ветил сопствениците „Елиот Менаџмент“.

А познати се и целите на Милан. Тоа се Холанѓанецот Свен Ботман и португалскиот интернационалец Ренато Санчес и двајцата од Лил.

Се следи и 19-годишниот француски фудбалер Уго Екитике кој игра за Ремс и договорот му е до 2024 година. Тој веќе има девет гола во 21 меч во француската Лига 1.

Друга трансферна цел на Милан е 24-годишното холандско лево крило на Тотенхем Стивен Бергвајн. Откако дојде Антонио Конте во лондонскиот клуб, Бергвајн ретко игра. Договорот со Тотенхем му истекува во 2025 година, а во моментов има 12 меча и 2 гола во Премиер лигата.

ПретходноЕднаш Вардарец – секогаш Вардарец: Овации за Иван Чупиќ (ФОТО)
СледноППД Загреб падна во „Јане Сандански“, Вардар „скокна“ на петото место (ФОТОГАЛЕРИЈА)