„Митрогол“ го урна рекордот по број на голови во Чемпионшип

356

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ кој игра за Фулам вечерва постигна гол во дуелот со Питерборо со што го урна рекордот по број на погодоци во Чемпионшип дивизијата во Англија во една сезона.

За „Митрогол“ тоа е 32 погодок сезонава во 30-тиот меч, а да потсетиме до крајот на сезоната има уште 14 кола. Претходниот рекорд беше поставен од страна на Иван Тони минатата сезона кој постигна 31 кол. На третото место на оваа листа е Глен Мари кој во сезоната 2012/13 постигнал 30 гола.

ПретходноВардар води против ППД Загреб на полувреме
СледноЕднаш Вардарец – секогаш Вардарец: Овации за Иван Чупиќ (ФОТО)