Нови детали за трагедијата: Сала бил отруен пред да се урне авионот!

1239

Бизнисменот Дејвид Хендерсон беше прогласен за виновен од страна на кралскиот суд во Кардиф за смртта на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во авионска несреќа.

Хендерсон го организираше трагичен лет и беше прогласен за виновен за „непочитување на безбедносните протоколи“, поради што животот го загубија споменатиот фудбалер и пилот Дејвид Иботсон. Несреќата се случи на 21. јануари 2019 година, телото на Аргентинецот беше пронајдено само еден месец по несреќата, додека пак телото на пилотот, се уште не е пронајдено.

Минатата недела патологот кој работеше на обдукција на телото на Сала изјави дека починал поради повреди на главата и градниот кош, а сега пристигнаа нови информации.

Од двата примероци на крв, земени од телото на Сала, е откриено дека тој пред да почине бил отруен со јаглерод моноксид. Обдукцијата покажала и дека Сала не бил свесен пред да урне авионот во морето, но повредите на главата и градниот кош биле фатални. Труењето со јаглерод моноксид најверојатно е предизвикано од дефект на издувниот систем во авионот.

ПретходноДимитријевиќ: Не чувствувам притисок, среќен сум што ме гледаат како лидер!
СледноУрна рекорд во Лига на шампиони, па порача: Не можам да бидам задоволен, имаме за што да жалиме!