Нов удар за Јувентус, остана без уште еден фудбалер!

314

Јувентус се соочува со нови проблеми во продолжение на сезоната, повредата на Вестон Мекени сепак е сериозна. Американецот веднаш бил пренесен во болница, а снимките покажеле дека има двојна скршеница на левото стапало.

Според тамошните информации за него сезоната е завршена, го чека најмалку два месеци пауза. Играчот на Виљареал, Еступињан влезе во игра во 79. минута и го повееди Мекени, кој веднаш го напушти теренот.

Мекени беше еден од најстандардните играчи на Јувентус, во досегашниот дел од сезоната одигра 28 натпревари.

Листата на повредени фудбалер во таборот на “Старата дама“ се зголеми, по Пауло Дибала, Федерико Киеза, Даниеле Ругани, Џорџо Кјелини и Федерико Бернардески.

Јувентус на ова тешко гостување замина со реми 1-1, поведе со голот на Душан Влаховиќ во 32. секунда, во 66. минута Дани Парехо го постави конечниот резултат.

ПретходноПокетино поради француската ѕвезда добива работа од соништата?
СледноДимитријевиќ: Не чувствувам притисок, среќен сум што ме гледаат како лидер!