Ивица Обрван и ППД Загреб беа совладани од Вардар 1961 во рамките на 12. коло во Лигата на шампиони, во директна битка за место во следната рунда. Хрватскиот тим не успеа да дојде до двата бода.
„Честитки до Вардар, распложението сега е различно. Знаевме дека ќе биде тврд меч, наместо квалитетн ракомет, натпреварот доби различен тек. Можеби заслуживме бод, тоа можеби беше најправедно, ќе значеше место во осминафиналето. Вардар ќе се пласираше без разлика на резултатот. Имавме напад, на крајот згрешивме во финишот, загубивме важна топка. Не можам да бидам незадоволен од она што го играме во последните мечеви, затоа им честитам на играта. Му посакувам на Вардар пласман во осминафиналето, го заслужува тоа“, изјави Обрван.