Женската кошаркарска репрезентација забележа пад на најновата ФИБА ранкинг листа. Оваа година Македонија ја почнува со пад од пет места на светскиот и европскиот поредок.
„Црвено-жолтите“ имаат 76,8 поени, во светската конкуренција се најдоа на 80. место на ФИБА ранкингот, додека во Европа се наоѓат на 38. позиција.
Изненадувачки е што пред Македонија се наоѓа Косово. Оваа земја е на 79. место во светот, додека 37-ма во Европа.
На претходната табела Македонија беше рангирана на 37 место во онаа европска зона, односно на 75. позиција во светскиот поредок кој го прави ФИБА.
На врвот остана САД пред Шпанија која е втора и Австралија.