Александар Зверев е исфрлен од турнирот во Акапулко. Германецот крајно неспортски се однесуваше на мечот во дубл, кога со својот рекет го удираше столчето на судијата.
Тој во дубл беше заедно со Марсел Мал и го загуби мечот. Потоа Германецот го навредуваше и судијата. Секако по ова скандалозно однесување тој е исфрлен од турнирот во Акапулко, така одлучија организаторите.
Инаку тој во сингл во 1/8 финалето требаше да се сретне со Петер Гојовчик, но овој меч нема да се одигра.
Zverev taking his frustration out on the umpire at Acapulco. He has been disqualified from the tournament.
Though I hope he gets further penalty. This is just unsafe behaviour! pic.twitter.com/jj6yeyuClP— Rohan (@cric_buff) February 23, 2022