Младиот фудбалер Антони Еланга го спаси Манчестер Јунајтед од пораз на гостувањето кај Атлетико Мадрид на првиот меч од осминафиналето на ЛШ. Тоа е првиот гол на 19-годишниот шведски фудбалер во Лигата на шампионите, а многу значаен пред реваншот на „Олд Трафорд“. Резултатот на крајот е 1:1.
Инаку Атлетико беше подобар противник, Жоао Феликс со удар со глава донесе предност за Атлетико, Ренан Лоди имаше убава шанса но не успеа да погоди, а Врсаљко ја затресе пречката.
Во 80 минута Бруно Фернандес го почна контра нападот, го пронајде Еланга кој очи во очи со противничкиот голман успеа да погоди. Во 86. минута Гризман со шут од косо ја погоди пречката.