Вардар води против ППД Загреб на полувреме

156

Вардар 1961 по првото полувреме против ППД Загреб во рамките на 12 коло во Лигата на шампиони има позитива од два гола 11-9 . Во СЦ „Јане Сандански“ барем за сега не видовме квалитетен натпревар, важноста на мечот си го прави своето. Победникот ќе направи голем исчекор кон следната рунда.

Оливие Њокас и Валчак со три гола се први стрелци, Георгиевски има два, исто колку и Моралес.

Три неискористени напади на Вардар, после четири минути дојде до изедначување 1-1. На другата страна ниту гостите не беа распложени, исто правеа грешки, притисокот можеше да се почувствува кај двата тима.

Првите четири гола за Вардар ги постигнаа Оливе Њокас и Моралес, со голот на Тото, македонскиот првак за првпат поведе (5-4) во 13 минута. Една грешка и промашен седмерец на Дибиров, ППД Загреб ги искористи за водство од 5-6 на средината на првото полувреме.

Вардар носен од одличната атмосфера, предводен од Оливие, Георгиевски (два гола) и Валчак поведе со 9-6 во 26 минута, а потоа и со 10-7. Гостите беа во серија на грешки, па македонскиот тим знаеше како да казни. Избраниците на Ивица Обрван вратија со 2-0 за 10-9, Валчак со третиот погодок на одморот ги постави 11-9.

ПретходноМартинели: Четири пати бев на проба во Манчестер Јунајтед и секој пат ме одбиваа
Следно„Митрогол“ го урна рекордот по број на голови во Чемпионшип