Пад на кошаркарките на најновата ФИБА ранкинг листа: Косово е пред Македонија!

160

Женската кошаркарска репрезентација забележа пад на најновата ФИБА ранкинг листа. Оваа година Македонија ја почнува со пад од пет места на светскиот и европскиот поредок.

„Црвено-жолтите“ имаат 76,8 поени, во светската конкуренција се најдоа на 80. место на ФИБА ранкингот, додека во Европа се наоѓат на 38. позиција.

Изненадувачки е што пред Македонија се наоѓа Косово. Оваа земја е на 79. место во светот, додека 37-ма во Европа.

На претходната табела Македонија беше рангирана на 37 место во онаа европска зона, односно на 75. позиција во светскиот поредок кој го прави ФИБА.

На врвот остана САД пред Шпанија која е втора и Австралија.

ПретходноУрна рекорд во Лига на шампиони, па порача: Не можам да бидам задоволен, имаме за што да жалиме!
СледноЕдинствениот гол на Граџан е меѓу петте најдобри во Европската лига (ВИДЕО)