Вардар 1961 направи голем исчекор кон пласманот во следната рунда. Македонскиот првак на домашен терен го совлада ППД Загреб со 20-19 рамките на 12. коло во Лигата на шампиони и се искачи на петото место на табелата во групата А, пред хрватскиот тим и Елверум, има девет бода. Избраниците на Давид Дејвис одиграа одлично во последните десет минути, предводени од искусниот голман Борко Ристовски го урнаа отпорот на противникот и ја запишаа втората победа во низа.
Талески беше предводникот, постигна четири гола во второто полувреме, сите во вистинско време, исто толку имаше Оливие Њокас, Валчак имаше три погодоци, исто колку Моралес, Георгиевски имаше два. Ристовски имаше пест одбрани, две Томовски.
Тврдо прво полувреме во СЦ „Јане Сандански“. Притисокот поради важноста на бодовите си го направи своето. Вардар 1961 првиот гол го постигна после четири минути преку Оливие Њокас за 1-1. На голема среќа и ППД Загреб грешеше во овој период. Македонскиот првак за првпат поведе во 13. минута со голот на Тото. Откако хрватскиот состав врати за 5-6 на средината на овој период, „црвено-црните“ со серија од 4-0 поведоа со 9-6. Два гола и една украдена топка имаше Георгиевски, по еден погодок постигнаа Оливие и Валчак. Полскиот ракометар пред одморот реализираше три гола, а неговиот тим замина со позитива од 11-9.
WATCH: Yoel Cuni Morales does not hold back and fires home from long-range for @HCVardar #ehfcl
📺 https://t.co/IXYHSdERe0 pic.twitter.com/ALCWcVKNEz
— EHF Champions League (@ehfcl) February 23, 2022
ППД Загреб изедначи на стартот на вториот дел 11-11, но следеше одговор на македонскиот првак за 13-11. Ристовски застана на голот, фати три топки во низа, но противникот сепак успеа да израмни на 13-13, Вардар шест минути беше без постигнат гол. Шанса доби и новото засилување Стефан Додиќ. Токму по неговите две промашувања, гостите успеаја да го вратат водството во 45. минута беше 14-15.
Дуелот влезе во очекувано – неизвесна битка. „Плинарите“ одржуваа еден гол позитива, на другата страна Талески влезе во серија од три гола. Откако гостите не искористија напад за плсу два, Ристовски со нова интервенција го дигна својот тим. Вардар со серија од 4-0 (Чувара, Кевин Њокас, Ѓукиќ и Талески) зголемија на 20-17 во 28. минута. Ракометарите на македонскиот тим наместо мирна завршница, дозволија драма, која на среќа не заврши фатално.
Во следното коло, Вардар 1961 му гостува на Мешков Брест.