Ристовски: Бодот можеби е најреален! Убаво е кога тимот победува и кога не игра добро!

348

Борко Ристовски во второто полувреме застана на голот на македонскиот првак. Средбата ја заврши со шест интервенции, една од седум метри. И тој како својот тренер, Давид Дејвис на официјалната прес-конференција потенцира дека во тимот сите биле нервозни, притисокот си го стори своето. На крајот најважно е дека победата е запишана, без разлика на играта на теренот, како и непочитување на дел од обврските кои сите ги имале.

„Честитки до Загреб за борбениот натпревар. Не можеме да кажеме дека беше квалитетен, но донесе едно друго задоволство од ракометната игра, пожртвуваност и борба за дресот кои го носиме. Бодот можеби ќе беше најреален, но во спортот не секогаш победува тимот што бил подобар на теренот.

Ние бевме подготвени за овој меч, но целиот тим беше нервозен, не знам од која причина, најверојатно поради притисокот. Не се испочитваа сите работи кои ги договоривме. Среќни сме за оваа победа. Убаво е да победувате и кога не играте добро, тоа значи дека имате за напредок“, изјави Ристовски.

Вардар во следното коло е гостин на Мешков Брест, меч кој се игра на втори март.

ПретходноДејвис: Играчите беа нервозни, но најважно победивме!
СледноТинејџерот Еланга го спаси Јунајтед од пораз во Мадрид (видео)