Тинејџерот Еланга го спаси Јунајтед од пораз во Мадрид (видео)

184

Младиот фудбалер Антони Еланга го спаси Манчестер Јунајтед од пораз на гостувањето кај Атлетико Мадрид на првиот меч од осминафиналето на ЛШ. Тоа е првиот гол на 19-годишниот шведски фудбалер во Лигата на шампионите, а многу значаен пред реваншот на „Олд Трафорд“. Резултатот на крајот е 1:1.

Инаку Атлетико беше подобар противник, Жоао Феликс со удар со глава донесе предност за Атлетико, Ренан Лоди имаше убава шанса но не успеа да погоди, а Врсаљко ја затресе пречката.

Во 80 минута Бруно Фернандес го почна контра нападот, го пронајде Еланга кој очи во очи со противничкиот голман успеа да погоди. Во 86. минута Гризман со шут од косо ја погоди пречката.

ГОЛОТ НА ФЕЛИКС ОВДЕ

ГОЛОТ НА ЕЛАНГА ОВДЕ

ПретходноРистовски: Бодот можеби е најреален! Убаво е кога тимот победува и кога не игра добро!
СледноАјакс два пати водеше на крајот одигра реми со Бенфика (видео)