Виљареал и Јувентус одиграа без победник (1-1) во рмаките на првата осминафинална средба во Лигата на шампионите. Првиот гол за “Старата дама“ го постигна Душан Влаховиќ по само 32 секудни.
Ова беше негов дебитански гол во ЛШ, со кој урна рекорд во ова натпреварување постигнувајќи го најбрзиот погодок како дебитански стартер.
По мечот Влаховиќ порача дека не може да биде целосно задоволен.
„Навитсина е емотивно да се постигне гол во дебито во Лигата на шампиони. Сепак не можам да бидам целосно задоволен, бидејќи не победивме. Мора да продолжиме да работиме жестоко. Одигравме добар меч и можевме да дојдеме до триумф. Има работи за кои можеме да жалиме, мора да се фокусираме на следниот меч“, изјави некогашниот напаѓач на Фиорентина.
Реваншот меѓу двата тима се игра во Торино на 16. март.