Абрамович прв ја плати цената по нападот на Русија врз Украина

6714

Роман Абрамович се најде во центарот во англиските медиуми, откако доби забрана за влез во Велика Британија.

Тој во последните неколку години не можеше да влезе во оваа земја иако со години е газда на Челзи. Велика Британија одби да му ја продолжи визата.

Но, пред година дена дојде до промени по ова прашање. На Абрамович му беше дозволено да се врати во Лондон.

Сепак последните случувања меѓу Украина и Русија одново да ја искомплицираа целата ситуација. „Daily Mail“ утринава објави дека Велика Британија одново му забранила влез во својата земја, а причината е неговото пријателство и соработка со Владимир Путин.

Откако Русија ја нападна Украина ова утро, Путин и неговите соработници добија жестоки критики, дел најавија дека ќе одредат санкции против Русите.

Па така на мета се најде и Абрамович, кој одново не може да се врати во Велика Британија.

ПретходноНиколов: Не е важно кој е во составот, важно е да одиграме машки!
СледноФудбалерот на Сити шокираше со пораката до Путин: Ти посакувам најболна смрт!