Феникс казнет со 32.000 денари за неспортско навивање, иста сума доби и Илиевски!

186

Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ ги изрече казните за натпреварите во рамките на Купот на Македонија, кој му припадна на ТФТ.

Најголеми парични казни заработија, Феникс, МЗТ Скопје и тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски.

Скопските тимови ќе плаќаат за однесувањето на своите навивачи, слична казна заработи и освојувачот на Купот на Македонија.

Дебитантот ќе треба да плати 32.000 денари на име на казни за фрлање на тврди предмети и неспортско навивање, додека актуелниот првак има сума за истото дело од 20.000 денари. Парична казна заработи Марјан Илиевски, кој е пријавен од службени лица, тој биде олеснет за 32.000 денари.

ТФТ пак за неспортското однесување на своите поддржувачи ќе треба да издвои 8.000 денари.

ПретходноБарање: Одземете му го Челзи на Абрамович!
СледноМбапе ја одбил понудата на ПСЖ вредна 90 милиони евра годишно!