Трансфермаркт: Шкендија е најскапиот тим во ПМФЛ, а Бејтулаи со 700.000 евра е со најголема вредност!

3279

Пред две недели заврши зимскиот преоден рок, веќе се одиграа две кола од пролетниот дел во сезоната во ПМФЛ, па време е да видиме, по традиција, колку според Трансфермаркт вредат нашите клубови и кој е најскапиот или највредниот фудбалер кој моментално игра во ПМФЛ.

Очекувано најскапиот клуб е Шкендија со 6.380.000 евра ако се земат сите суми на играчите на овој клуб, инаку актуелен шампион на Македонија.

Следува лидерот Шкупи со 5.600.000 евра, што е голем напредок на чаирчани, само овој клуб може да ја достигне Шкендија во догледно време.

Интересно, трета е Македонија ЃП по вредност на табелата, додека четврта е Академија Пандев.

Со заминувањето на Лука Станковски и Ристе Јанков екипата на Работнички доживеа голем пад. Сега вреди само 3.130.000 и е на осмото место на табелата во ПМФЛ.

ТАБЕЛА – КЛУБОВИ

ШКЕНДИЈА 6.380.000 евра

ШКУПИ 5.560.000

МАКЕДОНИЈА ЃП 3.700.000

А.ПАНДЕВ 3.590.000

РЕНОВА 3.570.000

СТРУГА ТЛ 3.450.000

БРЕГАЛНИЦА 3.450.000

РАБОТНИЧКИ 3.130.000

БОРЕЦ 2.900.000

СКОПЈЕ 2.290.000

ТИКВЕШ 2.130.000

ПЕЛИСТЕР 1.310.000

May be an image of 3 people and people standing

 

ШКЕНДИЈА, ШКУПИ, РЕНОВА…

Кога станува збор за поединечната вредност на играчите, тогаш според Трансфермаркт највреден е Егзон Бејтулаи од Шкендија со 700.000 евра. Следуваат Љупче Дориев од Шкендија, како и Фреди Алварез и Сандеј Адетунџи со вредност од 600.000.

Од 15 -те највредни играчи дури осумина се од Шкендија, шест од Шкупи и еден од Ренова, а тоа е Ремзифаик Селмани со вредност од 500.000 евра.

ТАБЕЛА – ИГРАЧИ

БЕЈТУЛАИ (ШКЕ) 700.000

ДОРИЕВ (ШКЕ) 600.000

АЛВАРЕЗ (ШКУ) 600.000

АДЕТУНЏИ (ШКУ) 600.000

СЕЛМАНИ (РЕН) 500.000

ИМЕРИ (ШКУ) 500.000

КРИВАК (ШКЕ) 400.000

ЦАКЕ (ШКЕ) 400.000

ГУРИ (ШКЕ) 400.000

РУВАТУБЈАЕ (ШКУ) 350.000

СТОИЛОВ (ШКУ) 350.000

РАДЕСКИ (ШКУ) 350.000

ШАЉА (ШКЕ) 350.000

ЕЛЕЗИ (ШКЕ) 350.000

НАФИУ (ШКЕ) 350.000

ПретходноДортмунд се огласи по повод ситуацијата во Украина
СледноЧурлинов ќе игра со нов дрес: Шалке го тргна “Гаспром“!