УЕФА утре има итен состанок, финалето ЛШ на нова локација

138

Европските медиуми само што ја пренесоа информацијата дека раководните труктури на УЕФА утре ќе одржат итен состанок на кој прва и единствена точка на распава ќе биде одземање на правото на домаќин на Санкт Петербург за годинешното финале од Лигата на Шампионите.

Веќе е речиси сигурно дека овој Руски град нема да биде домаќин на најважниот меч од сезоната, секако поради денешните воени дејствија на територијата на Украина од страна на војската на Русија. Освен што ќе му биде одземено правото на домаќин на Санкт Петербург, на утрешниот состанок ќе биде дефинирано и каде ќе биде префрлено финалето, а најголем фаворит е Лондон.

 

ПретходноБразилците од Шахтјор и Динамо Киев снимија видео: Помогнете ни да заминеме од Украина (ВИДЕО)
СледноЗагина млад фудбалер на Борусија Менхенгладбах