Украинецот го бакна грбот на својата земја, УЕФА не ја повтори снимката!

720

Украинецот Роман Јаремчук ги постави конечните 2-2 на дуелот меѓу Бенфика и Ајакс во рамките на Лигата на шампиони. Тој стрелаше во 72. минута, а својот погодок одлучи да го посвети на својата земја, која во моментов е во затегнати односи со Русија.

При прославата на погодокот го соблече дресот, под него носеше маичка со грбот на Украина, го бакна, а за овој потег доби жолт картон. На социјалните мрежи излезе интересна информација, УЕФА не го повторила овој момент. Причината е јасна, за време на натпреварите не се дозволуваат политички пораки.

Украинците на социјалните мрежи на големо го поздравуваат потегот на својот фудбалер.

ПретходноБлесок на Талески за кој ППД Загреб немаше решение (ВИДЕО)
СледноПолска нема да патува во Русија за бараж мечот!