Македонската кошаркарска репрезентација денеска (16 часот) и гостува на Грузија во рамките на првата фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство следната година.
Селекторот Драган Бајиќ доби позитивен тест на коронавирус, по што остана во Скопје, па Македонија на денешниот дуел ќе ја води неговиот асистент во стручниот штаб, Александар Јончевски.
„Ни претстои исклучително тежок натпревар, не само заради квалитетот на противникот, туку и поради проблемите со кои се соочивме пред тргнувањето, како со повредените играчи, така и со отсуството на селекторот Бајиќ. Во секој случај, сигурен сум дека сите повикани ќе одговорат на задачите на највисоко ниво,. За мене лично предизвикот да се води националниот тим претставува огромна чест и одговорност, дури и при вакви околностите. Без разлика што селекторот не е со нас, ќе се обидеме да ја спроведеме замислата во одбраната, да ги запреме нивните главни играчи кои се во извонредна форма. Тоа се бекот Мек Фејден и центарот Шермандини, кои настапуваат во најсилната европска лига, шпанската Ендеса“, анализира младиот тренер.
Нападот ќе се темели на Војдан Стојанвски, како и останатите поискусни кошаркари, кои ќе треба да им дадат самодоверба на помладите. Со оглед на тоа дека во составот Македонија нема искусни репрезентативци, шансата ја гледа на реваншот во Скопје.
Верувам дека во нападот ќе ни се зголемат опциите со враќањето на капитенот Војдан Стојановски, што ќе влијае и на кревање на самодовербата кај сите останати репрезентативци. Се игра мини-лига систем каде што се важни не само победите, туку и секој поен, свесни сме за тоа и ќе одиграме максимално одговорно до последната секунда. Искрено се надевам на многу подобра игра на вториот меч со Грузија што ќе го играме на домашен терен, бидејќи ќе ни се приклучат и неколку стандардни првотимци кои поради оправдани причини (ситни повреди) не патуваат со нас во Тбилиси“, изјави Јончевски.
Грузија има една победа, против Украина на домашен терен, Македонија има два порази.