Јунајтед ќе го раскине договорот со рускиот „Аерофлот“!

277

Европските фудбалски гиганти наголемо ги раскинуваат договорите со фирмите од Русија кои го рекламираат. Па така по Шалке, на ред дојде и Манчестер Јунајтед кој објави дека е подготвен да го раскине договорот со рускиот авиопревозник „Аерофлот“. Познато е зошто, и тоа поради агресијата на Русија врз Украина која започна утринава.

Англискиот гигант многу добро знае каква штета на имиџот на клубот ако и натаму Јунајтед ги користи услугите на „Аерофлот“.

Инаку важечкиот договор меѓу Јунајтед и рускиот авиопревозник е потпишан пред пет години и „тежи“ блиску 40 милиони фунти.

ПретходноГотово е: Новак веќе не е прв на АТП листата по поразот од Весели во Дубаи!
СледноБарање: Одземете му го Челзи на Абрамович!