Ситуацијата во Украина денеска ескалираше со воените дејствија кои ги презема соседна Русија. Од утринава војската на Русија е веќе на територијата на Украина, а таму сите оние кои не се Украинци пробуваат на секој начин да заминат. Па така, интернационалците од Бразил, кој се дел од фудбалските клубови Шахтјор Доњецк, и Динамо Киев, двата најголеми клубови во Украина, сминија видео со заедно со своите семејства, преку кое ги замолуваат властите во својата татковина Бразил, да најде начин и да ги излвече од Украина. Односно да ги однесе на безбедно место.
На видеото зборува Жуниор Мораеш, кој вели дека храна и гориво речиси веќе и да нема во нивните домови, банките не работат, и дека снемуваат готовина.
Brazilian players from Shakhtar and Dynamo Kiev, accompanied by their families, have released a video asking for the Brazilian authorities to help them leave Ukraine. 🇺🇦 pic.twitter.com/SYQ9j6bCq1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) February 24, 2022