Елмас цел меч на терен, Наполи нокаутиран од Барселона и елиминиран од ЛЕ (видео)

192

Наполи доживеа убедлив пораз од Барселона и ги заврши настапите во Лига Европа. Тимот од Неапол вечерва доживеа фијаско на свој терен и доживеа пораз од 2:4 иако успеаа на „Ноу Камп“ да извлечат 1:1. Но вечерва беа лоши, посебно во дефанзивниот ред. По првото полувреме Барса водеше со 3:0. Прекрасен гол постигна Френки де Јонг, а покрај него стрелаа уште Жорди Алба и Жерар Пике. Во 23 минута од пенал стрелаше Лоренцо Инсиње.

Во 59. минута Пјер-Емерик Обамејанг, новиот играч на каталонската екипа зголеми на 4:1 и веќе беше јасно кој ќе биде патник понатаму. Наполи во преостанатите минути не успеа да направи чудо и да се спаси. Во 70 минута Инсиње постигна гол но беше поништен поради офсајд. Во 87 минута Политано намали на 2:4. Елиф Елмас одигра цел меч за Наполи. Барселона патува понатаму.

И Борусија Дортмунд ги заврши настапите во ЛЕ. Вечерва не успеа да слави против Ренџерс. Шкотланѓаните го добија првиот меч во Дортмунд со 4:2, а вечерва одигра 2:2 на својот „Ајброкс“. Таверние го доведе Ренџерс во водство, а до крајот на првиот дел „милионерите“ направија пресврт со головите на Белингем и Мален.

Во 57. минута Таверние изедначи, а во 66. минута Рајан Кент погоди за водство на Ренџерс но тој гол е поништен поради офсајд.

Бетис патува понатаму откако на домашен терен одигра 0:0 со Зенит. Во 91 минута Русите постигнаа гол кој беше поништен по реакција на ВАР. Шпанците одат понатаму поради триумфот од 3:2 во Санкт Петербург на првиот меч.

Брага и Шериф играат продолженија. Брага победи со 2:0 и ја надополни негативата од 2:0 од првиот меч.

 

 

 

 

 

ПретходноУкраинските кошаркари со порака од Шпанија – Да нема војна! (ФОТО)
СледноВитесе го повтори најголемиот успех во историјата, Фенербахче се збогува од ЛК (видео)