„Изгореа“ во пенал рулетот – Шериф и Николов се збогуваа со ЛE

310

Сите македонски фудбалери испаднаа од европските купови. Денеска испаднаа Адеми и Ристовски, потоа и Елмас со Наполи, вечерва и Бобан Николов со својот Шериф не успеа да избори пласман во осминафиналето на Лигата на Eвропа.

Шериф победи во Тираспол со 2:0, но вечерва во Брага изгуби со истиот резултат. Потоа се прејде кон пенал рулетот, а Молдавците лошо тргнаа затоа што ги промашија првите три пенали што на крајот ги чинеше пораз. По третата серија Брага водеше со 2:0, во четвртата беше 2:1, а во петтата серија и двете екипи реализираа но Брага победи со 3:2 и се пласира понатаму.

Бобан Николов влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а не шутираше пенал во рулетот.

ПретходноВитесе го повтори најголемиот успех во историјата, Фенербахче се збогува од ЛК (видео)
СледноУкраински фудбалер: Сакам да бидам во првата борбена линија, тие убиваат цивили!