Арсенал го совлада Вулверхемптон со 2:1 во заостанатиот меч од 20. коло во Премиер лигата. Се играше на „Емирати“, а Вулверхемптон поведе во 10. минута со голот на Хванг Хи-Чан и водството го чуваа се до 82. минута кога Никола Пепе го изедначи резултатот. Се чинеше дека мечот ќе заврши со нерешен резултат, но тоа не го дозволи Александре Лаказет. Французинот ја затресе мрежата на противникот во петтата минута од судиското продолжение.
Арсенал ја запиша 14-тата победа сезонава и го држи петтото место на табелата со 45 бода, еден помалку од Манчестер Јунајтед на четвртото место. Да кажеме и дека Арсенал има два меча помалку од Јунајтед.
Вулверхемптон е на седмата позиција.