По драматичната ситуација во која се најде Украина по агресијата од страна на Русија, спортистите, тренерите и сите останати странци сакаат што побргу да ја напуштат Украина.
Мирче Луческу, славниот романски тренер, некогашен стратег на Шахтјар а сега на Динамо Киев истакнува…
„Нема да си одам од Украина, па јас не сум кукавица. Не си заминав ни кога почна тоа лудило во 2014 година, нема ни сега. Ако си замина ќе дадам лош пример за сите овде во Киев“ изјави Луческу.