Марин Докузовски, најдобриот тренер во историјата на македонската кошарка, името кое останува запишано со златни букви во овој спорт, е нов предводник на косовски Пеќ.
Раководството на клубот сакаше на клупата да добие искусно име, а тоа го виде во Докузовски, тренерот кој на Македонија и го донесе историското четврто место на ЕП 2011 година.
Тој по кратка пауза се враќа на својата работа, откако беше главен предводник на Работнички, одлучи одговорноста да му ја предаде на Димиттар Мираковски, беше главен координатор на стучниот штаб во најтрофејниот кошаркарски колектив.
Интересно е тоа што Марн Докузовски е третиот наш селектор кој ќе го предводи тимот на Пеќ од Косово, претходно тоа беа Јорданчо Давитков и Александар Тодоров.
Докузовски има искуство во косовскиот шампионат, кратко беше дел од тимот на Сигал Приштина.