Мбапе ја одбил понудата на ПСЖ вредна 90 милиони евра годишно!

266

И дефинитивно, барем кога станува збор за Килијан Мбапе, не е се до парите. Веројатно најдобриот фудбалер во моментот во светот, барем според пишувањето на “Марка“ ја одбил понудата на ПСЖ за продолжување на договорот која била вредна 90 милиони евра годишна плата, сепак оваа сума била бруто, а во неа не се влезени бонусите и разните премии. Всушност пребогатите шеици на Мбапе му понудиле бланко чек, но напаѓачот и тоа го одбил.

Па така сега може да се каже дека во јуни Килијан Мбапе и дефинитивно ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Или да почекаме уште малку, во случај ПСЖ да му достави уште поголема понуда.

ПретходноФеникс казнет со 32.000 денари за неспортско навивање, иста сума доби и Илиевски!
СледноДинамо на Ристовски и Адеми ја победи Севиља но не помина понатаму (видео)