Медведев ита кон тронот на Ѓоковиќ, Надал го растури скопјанецот

592

Рускиот тенисер, Данил Медведев рустински се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Акапулко, откако го надигра Пабло Андухар-Алба со 2-0, по сетови беше 6:2, 6:1.

Вториот тенисер во светот и финалистот на Австралија Опен ќе се пробие на првото место на АТП листата, доколку го подигне трофејот во Мексико. Тој за пласман во полуфиналето ќе игра против Јошито Нишиока, кој е 103. во светот.

Единствен кој може да го спречи да го земе тронот на Ѓоковиќ е Рафаел Надал.

Шпанецот исто така дојде до триумф, беше подобар од скопјанецот Стефан Козлов со 2-0, по сетови (6:0, 6:3). Надал во Акапулко постави нов личен рекорд, дојде до 12 победи во низа. Претходно најдолгата серија ја имаше во 2014 година, која стартуваше со 11 победи, но потоа загуби во финалето на Австралија опен од Стан Вавринка.

ПретходноПолска нема да патува во Русија за бараж мечот!
СледноВојната во Украина може да му направи проблем на Вардар за следниот меч во ЛШ!