Николов: Не е важно кој е во составот, важно е да одиграме машки!

394

Доколку Македонија сака да го промени текот кон пласманот во втората фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година, тоа ќе мора да го стори уште во овој февруарски прозорец.

Нашиот најдобар национален тим игра два меча против Грузија, првиот е денеска во Тбилиси (16 часот), додека вториот е за три дена во Скопје. Кошаркарите имаат два порази, додека противникот има победа и пораз, против Украина покажа дека на домашен терен е опасен.

о сериозни проблеми и промени се соочи нашиот стручен штаб во креирањето на ростерот за овие мечеви од февруарскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп.

Останавме без неколку важни играчи за овие два натпревари. Во Тбилиси имаме една сериозно подмладена селекција, која на теренот повторно ќе ја предводи капитенот Војдан Стојановски, кој по скоро едногодишна пауза се врати на кошаркарскиот терен.

На клупата ќе го нема селекторот Драган Бајиќ, кој поради позитивен тест на коронавирус остана во Скопје.

Кристијан Николов, кој ќе биде прв избор за плејмејкерската позиција вели дека не губат надеж, напротив ќе влезат максимално мотивирани.

„Нема време за одмор, таков е календарот. Нема време за тоа. Кога е во прашање играњето за репрезентацијта тоа подразбира дека ќе дадеме се од себе. Дека ќе го дадеме нашиот максимум за позитивен резултат, се надевам – победа

Не е важно кој е во составот, а кој не е. Ние ќе излеземе на терен, да не се повторувам, ќе дадеме се што имаме за да го добиеме натпреварот, и да ја израдуваме целата нација“.

Брзиот распоред на одигрување на овие мечеви и краткото време за подготовка е исто за сите. Предноста е што дел од играчите се познаваат доволно, па во тој дел не би требало да има проблеми.

Напор да, меѓутоа се добро знаеме со соиграчите, еден со друг. Долго време настапуваме заедно, добри пријатели сме надвор од теренот, и мислам дека тоа нема да биде најголем проблем. Најважно од се е да излеземе на терен да дадеме максимум, па што биде нека биде“.

ПретходноЧави откри „грешка“ на статуата Диего Марадона (ВИДЕО)
СледноАбрамович прв ја плати цената по нападот на Русија врз Украина