Покрај натпреварите од Лига Европа се играа и натпревари од нокаут фазата во Лигата на конференции. Партизан ја совлада Спарта Прага со 2:1 на домашен терен и заедно со победата на првиот меч со 1:0 со вкупни 3:1 патува во наредната нокаут рунда.
„Црно-белите“ по првото полувреме водеа со 2:0 со головите на Гомес, а во второто Спарта само го ублажи поразот преку Хложек. Двојниот стрелец за Партизан во 66. минута беше исклучен поради втор жолт картон и нема да игра на следниот натпревар во ова натпреварување.
А норвешки Бодо/Глимт направи уште една сензација. На првиот меч во Глазгов го победи Селтик со 3:1, а вечерва на домашен терен го победи овој ривал со 2:0. Солбакен и Ветлесен ги постигнаа головите.
На другите натпревари Макаби Т.А. – ПСВ 1:1 (понатаму оди ПСВ), Карабах-Марсеј 0:3 (понатаму оди Марсеј) и Рандерс-Лестер 1:3 (понатаму оди Лестер).