Реал се избрука во Каунас: Даде само 47 поени и доживеа пораз од најслабиот

90

Кошаркарите на Жалгирис приредија сензација во 27 коло на Евролигата со тоа што го декласираат Реал Мадрид на свој терен со резултат 68:47. Домаќинот одлично тргна и по првата четвртина имаше предност од 18:8, а на полувреме ја одржа предноста од десет коша (38:29).

Третата четвртина беше исклучително тврда и заврши со резултат 11:8 за домаќинот, па така последнопласираниот тим во Евролигата влезе во последната четвртина со предност од 12 поени.

А на крајот Жалгирис не попушти и ја запиша победата против второпласираниот Реал.

Најефикасниот во победничкиот тим е Едгар Улјеновас со 15 поени, а покрај него со двоцифрен број завршија и Ловерњ и Лекавичиус со по 10 поени. Кај Реал најефикасен е Таварес со 12 поени.

За Жалгирис ова е втора победа сезонава но остана последен на табелата, додека Реал го впиша шестиот пораз.

ПретходноИ покрај ризикот од казна од УЕФА, Наполи и Барса испратија јасна порака!
СледноПик Сегед не греши двапати, пораз за Митревски и Порто