Нападот на Русија врз Украина е осуден речиси од целиот свет. До Украина во овој момент стигнуваат бројни пораки за поддршка, се огласија и голем број на спортисти кои потекнуваат од оваа земја, сите на секој начин покажаа единство.
Во центарот на вниманието се најде Александар Зинченко. Фудбалерот на Манчестер Сити објави стори на „Инстаграм“ со порака до претеседателот на Русија, Владимир Путин.
„Се надевам дека ќе ја имаш најболната смрт“, порача тој на Инстаграм.