Барање: Одземете му го Челзи на Абрамович!

890

Дали по инвазијата на Русија врз Украина, европскиот шампион, тимот на Челзи ќе остане без сопственик? Утринава беше јавено дека Англија односно В. Британија нема да му дозволи влез на рускиот тајкун, а попладнево во британскиот парламент, неколкумина негови членови по жестоката дискусија, побараа отворено да му се одземе Челзи на Роман Абрамович и тоа поради фактот дека тој е во блиски односи со Владимир Путин.

Се разбра дека ако ова се случи тогаш тоа ќе биде голем удар за клубот од „Стемфорд Бриџ“, кој нема веќе, барем во прво време, да биде дел од светската фудбалска елита.

ПретходноЈунајтед ќе го раскине договорот со рускиот „Аерофлот“!
СледноФеникс казнет со 32.000 денари за неспортско навивање, иста сума доби и Илиевски!